ЦЕЕД Хаб Скопје, во рамки на УСАИД проектот за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија и имплементиран од ЦЕЕД Македонија, успешно имплементираше програма за стартапи и бизнис идеи, што започна во септември, а заврши на 15-ти декември со организирање на таканаречен Demo Day.
Девет учесници од Пред – акцелераторската програма, поддржана од IME (Increasing market employability) и пет од седум учесници од Акцелераторската програма, ги претставија своите бизниси и побараа поддршка од бизнис ангели, инвеститори, фондови и бизнисмени.
Присутните на настанот, што се одржа на 15-ти овој месец во ЦЕЕД Хаб Скопје, имаа можност да ги слушнат бизнис идеите од креативните стартапи и да купат дел од нивните иновативни производи: Студио 1, Celebrate life, Millow, ONE MADE, One can social business, ORO Workshop, Студио Ѓердан, Oblik 1, Мали Нешта (Little Things) и Common Stories. Во рамки на акцелераторската програма се претставија: Sole Communication Network, Sodadi.mk, CEE HR, WOW Box и Јупитер дизајн.
Стартапите во рамки на Акцелераторската програма добија инвестиција од 68.000 долари од ЦЕЕД Хаб Скопје и УСАИД проектот.