Горивата поскапуваат за половина денар

40

gorivo-stava-raka-pexels

Фото: Pixabay

Бензините и дизелот од полноќ поскапуваат за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на бензинот Еуросупер БС – 95 ќе биде 66,50 денари, додека еден литар Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 68 денари. Во следните две недели, дизелот Еуродизел (Д – Е V) ќе се продава по 55 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за еден денар за литар и ќе чини 44 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,270 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.12.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,603 ден/кг.