Фото: Youtube
Во Кина е изграден мост што ќе го скрати патувањето од Хонг Конг до Жухаи од три часа на само 30 минути.
Поголемиот дел од работите за изградба на најдолгиот мост на светот што се наоѓа во Кина се завршени според планираното, откако е инсталиран и тестиран системот за осветлување. Потребни беа шест години за подготовка и осум години за изградба на мостот долг 55 километри што ги поврзува Хонг Конг, Жухаи и Макао, пишува Xinhuanet.
Месецов инженерите и конструкторите ќе ја проверуваат координацијата на различните системи и опрема на мостот и ќе продолжат со инспекција и чистење.