Јат и Етихад заедно на 46 дестинации

25

Jat_AirwaysНационалната авиокомпанија на Обединетите арапски емирати Етихад ервејс, на 15 јуни ќе воведе редовни дневни летови меѓу Абу Даби и Белград, што е прв чекор во развојот на партнерството меѓу Етихад и српски ЈАТ, најавија челниците на овие компании, Џејмс Хоган и Владимир Огњеновиќ, јавува Танјуг. Тие потпишаа договор за комерцијална соработка на 46 дестинации, како и воведување на т.н. code share (заеднички) летови кон 21 дестинација во сообраќајната мрежа на Етихад и кон 23 дестинации на Јат. Етихад има развиена мрежа на летови кон дестинации на Блискиот и Далечниот Исток и Австралија.

Предвидено е воспоставување на директна линија од Белград преку Берлин до Чикаго, со посредство на компанијата Ер Берлин, во која Етихад има 29% сопственост.

До 15 јуни ќе бидат утврдени понатамошните активности за развој на партнерството меѓу двете компании, но прво треба да се прегледаат податоците за работењето на Јат, за да се разгледаат видовите на евентуално стратешко партнерство, наведе Хоган.