Манекенка од Србија произведува лук во црна боја што нема мирис

137

luk

Фото: Facebook

Ивана Станковиќ од Белград своето искуство како професионален модел и факултетско знаење го искористи да донесе нов производ на пазарот. Главна карактеристика на производот е што со посебна обработка ја менува бојата и станува црн. Покрај бојата, исто така, исчезнува и непријатниот мирис.

Својот производ го нарекла Black look. Производот го консумираат луѓето на кои лукот им е потребен поради здравјето, а не сакаат да имаат непријатен здив по консумирањето и сакаат да експериментираат со храна.

Лукот во црна боја го сретнала во ресторан во Париз и решила прва да го донесе во Србија, пишува Данас.

“Работев по неколку месеци во Париз и во еден ресторан го пробав лукот што е ферментиран. Почнав и самата да го купувам бидејќи нема непријатен мирис, има подобри хранливи вредности и нивото на антиоксиданси е поголемо од необработениот лук. Ниедна состојка не му се додава, лукот само ги менува своите својства со помош на температура и влажност“, вели Ивана.

Лукот се става во машина за ферментација каде што останува месец дена и во процесот на ферментација се менува хемиската структура и станува посладок од обичниот лук.