Словенечкиот старт – ап InsurePal успеа да собере 18 милиони долари

36

insurepal-twitter

Фото: Twitter

Словенечкиот старт – ап InsurePal им се приклучи на успешните компании од земјата што собираат средства преку јавна продажба на крипто монети (Initial coin offering – ICO). InsurePal однапред успеа да собере 12,6 милиони долари, а кога започна продажба за само 80 секунди го собра останатиот износ, достигнувајќи вкупна вредност од 18 милиони долари, пишува словенечки Delo.

“За InsurePal ова е прв чекор. Насочени сме кон иднината, бидејќи сакаме во најкраток временски период да станеме целосно оперативни и во следните шест месеци развој ќе стигнеме толку далеку што ќе може на пазарот да му понудиме платформа. Пилот проектот ќе се реализира во Велика Британија, каде веќе се водени разговори со регулаторното тело и делумно го составивме тимот“, изјави Матјаж Петерма, директор и соосновач на InsurePal.

Средствата ќе се користат за создавање на осигурителна платформа на технологија на block chain. Собраните пари ќе бидат искористени за технолошки развој на платформата, добивање на потребните дозволи, зајакнување на тимот и поставување на важни меѓународни партнерства.