Фото: Pixabay
Бензините и дизелот од полноќ поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 95 во следните две недели ќе се продава по цена 67,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 69,50 денари за еден литар. Дизелот (Д-Е V) добива нова цена од 60,50 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 49 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,539 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 09.01.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 29,906 ден/кг.