Фото: Pixabay
Тим научници од Универзитетот во Мичиген креираат уред што ќе може да се носи и ќе спречува гадење кај патниците кои се возат во автономен автомобил, пишува New Atlas.
Уредот ќе користи систем на движечки светла или слични визуелни стимуланси специјално координирани да одговараат на движењето и брзината на автономните возила. Научниците потенцираат дека може да биде инсталиран сличен систем на вештачка светлина во кабината на автомобилот, наместо да се носи на главата.
Според нив, околу 50% од возрасните страдаат од овој проблем кога патуваат. Уредот на којшто моментално работат треба да ги спречи овие ефекти со тоа што ќе го “потсетува“ патникот дека навистина се движи.
Новиот систем може да имитира брзина, забрзување, односно секој вид на движење што автомобилот го прави. Концептот ќе биде применлив на секое автономни возило. Тимот моментално разгледува начини за партнерство со компании со цел уредот да се влезе во фаза на производство.