Фото: Pixabay
Еден од најпрактичните и најевтините начини да го промовирате вашиот бренд е преку Instagram. Нема да ве чини ниту денар, а може да има повеќе ефект отколку реклама на телевизија или на радио. Smartinsights советува како со помош на Instagram да ја подобрите видливоста на вашиот бренд:
Секојдневно споделувајте креативни фотографии од вашиот бренд и како тој им помага на другите. Не пренатрупувајте ги сликите со текст или стикери и обидете се да користите ист филтер по којшто ќе бидете препознатливи.
Користете хаштагови што ќе ги зголемат шансите вашиот бренд да биде виден. Смислете и свој.
Споделете како другите корисници го користат вашиот бренд или услугите што ги нудите. Објавувајте и слики со изјави од задоволни клиенти.
Повикајте на акција. Започнете кампања околу вашиот бренд со тоа што ќе ги мотивирате луѓето да го фотографираат брендот и да споделат фотографија од истиот.
Можете да бидете општествено одговорни и преку Instagram. Подарувајте производи и услуги преку оваа социјална мрежа и наскоро ќе го видите ефектот.
Запознајте ја вашата публика. Обидете се да сфатите што е она што на луѓето им се допаѓа околу вашиот бренд и искористете го тоа во ваша полза.
Не ја објавувајте истата слика на Instagram и на Facebook. Не заборавајте – на овие две социјални мрежи публиката е различна.
Промовирајте и други брендови преку вашиот профил и тие ќе го промовираат вашиот. Користа ќе биде обострана.
Покажете како вашата компанија го гледа светот, инспирирајте ја публиката со креирање на убави и уникатни фотографии.
Користете social media analytics за да го измерите вашиот успехот на вашата стратегија.