Макпрогрес донира производи во меѓународната невладина организација за социјална заштита на децата – СОС Детско село Македонија.
Вчера, на 25-ти јануари беше предадена едномесечна донација, каде претставници од Макпрогрес нагласија дека приоритет на компанијата, како општествен одговорен субјект, е подобрување на условите и квалитетот на живеење на загрозените категории граѓани во Република Македонија.
Од својата широка палета на производи од брендовите Сончева Долина, Натура и Винчини во наредниот период ќе бидат донирани количини на пакувана храна што ќе ги задоволат шестмесечните потреби на децата, штитеници во овој комплекс.
“Како членови на Клубот на Пријатели на социјалниот центар СОС Детско село, се грижиме за социјалната благосостојба на згрижените дечиња и со оваа донација сакаме да им овозможиме богата и разновидна трпеза во топлината на нивните домови и СОС семејства. Денес ги испорачавме количините храна и намирници за потребите на семејствата за период од еден месец, а активноста ќе продолжи и во следните шест месеци. Се надеваме дека дечињата ќе уживаат во здрави и вкусно приготвени оброци и десерти“, изјави Маја Цветанова, маркетинг менаџер во Макпрогрес Виница.
СОС Детско село Македонија е дел од големото семејство на меѓународната организација СОС Детски села интернационал. Главната дејност е насочена кон поддршка на деца без родители и родителска грижа, деца и семејства во социјални ризици, како и активности за застапување и лобирање за подобрување на квалитетот на грижа и превенцијата во полето на социјалната заштита. Во организацијата СОС Детско село згрижени се деца добиваат можност да растат во заедница каде наоѓаат сигурност, љубов и топлина.