Џељал Салих од Скопје е добитник на автомобилот Volkswagen UP, главната награда од припејд наградната игра Дополни и добиј, што ја организираше Македонски Телеком, стои во соопштението.
Клучевите од автомобилот на Салих му ги додели главниот извршен директор на Македонски Телеком, Андреас Елснер.
“Мојот син го користи при пејд бројот што беше извлечен како добитник на главната награда на Телеком. Мислев дека се шегува кога ми соопшти дека автомобилот ќе биде наш. Во текот на наградната игра, дополнивме ваучер околу 20 пати. Но искрено, никој од нас не очекуваше дека ќе станеме добитници на автомобил Volkswagen UP. Ова е навистина е големо и убаво изненадување“, изјави Џељал Салих при врачувањето на клучевите од автомобилот, којшто истакна дека целото семејство се задоволни корисници на услугите на Македонски Телеком повеќе од 15 години.
Наградната игра којашто се организираше за сите нови и постојни припејд корисници, траеше од 20-ти ноември минатата година до осми јануари годинава. Главната награда беше извлечена на деветти јануари. Освен главната награда Volkswagen UP, секој ден додека траеше наградната игра, Телеком доделуваше и по еден смартфон Samsung J5 2017, а на над 100.000 регистрирани корисници кои учествуваа во играта им додели бесплатен интернет.