Laundroid – робот од 16.000 долари што дипли облека

49

laundroid

Фото: Seven Dreamers

Јапонската компанија Seven Dreamers стои зад иновативен робот што на корисникот му ја дипли облеката, пишува Cnbc.com.

Станува збор за роботот Laundroid, којшто е голем колку еден плакар. Сè што треба да направи корисникот е да ја стави облеката во најдолната фиока од Laundroid.

“За една маица, на пример, се прави визуелна анализа со помош на посебната технологија, а преку вештачка интелигенција се мери должината и ширината на маицата, одредува во која насока и како да се здипли. Откако ќе ги земе потребните мерки, може полека да почне диплењето“, вели Шин Сакане, главен извршен директор на Seven Dreamers.

Laundroid, исто така, може да ја препознае облеката според видот или на кој член од семејството му припаѓа. Има и апликација преку којашто корисникот има постојан увид во тоа што има во неговата внатрешност. Засега, процесот на диплење е бавен и трае околу пет часа. Во оваа фаза на развој, Laundroid нема опција за диплење на чорапи.

Се очекува првите нарачки да започнат оваа есен, а роботот ќе биде најпрво достапен во Јапонија, САД и делови од Кина по цена од 16.000 долари.