Нова видео платформа што ќе ги привлече и недостапните потрошувачи

42

video-platformФото: Pixabay

Innovid е нова маркетинг видео платформа што ќе има за цел да ги привлече оние потрошувачи кои немаат никаков интерес за традиционалните медиуми, како весници, списанија, телевизија и радио. Таргетот ќе бидат лицата од 18 до 34 години кои најголемиот дел од вестите ги добиваат пребарувајќи на интернет преку своите телефони, објави E-week.

Оваа платформа, којашто се состои од видео рекламирање, ќе им овозможи на продавачите да ја измерат својата публика и да поттикнат повеќе интерактивност со потрошувачите. Innovid верува дека на овој начин ќе им помогне на брендовите да стигнат до младата популација и да ја мотивираат да се вклучи.

Американските истражувања покажаа дека видеата најчесто се гледаат преку мобилен телефон. За следниве неколку години се очекува нивна експанзија и зголемување на влијанието на мобилните видео снимки. Предвидувањата се дека во 2019 година, 80% од рекламите ќе се преминат во мобилна верзија.