Фото: Pixabay
Корејскиот гигант Samsung го презеде приматот од Intel, станувајќи најголемиот производител на чипови во светот. Компанијата во 2017 година продала 14,6% од чиповите на пазарот заработувајќи 69 милијарди долари, додека пак, Intel кој со децении беше на лидерската позиција продал 13,8% стекнувајќи приход шест милијарди помалку од Samsung, пишува TechCrunch.
Иако Intel чиповите се дел од 90% од компјутерите во светот, сепак не ја искористија експанзијата на мобилните телефони и дозволија Samsung да се пробие на пазарот.
Акциите на компанијата скокнаа за 8% во последното тромесечје лани, заработувајќи рекордни 14,15 милијарди долари. Најголем дел од профитите на Samsung доаѓаат од компоненти како меморија, процесори и екрани. Samsung е еден од најголемите производители на RAM меморија за паметни телефони и SSD хард дискови, а држи и една третина од пазарот на SSD.
Samsung најави и повеќе новини. Оваа година започнува со производство на UFS 3.0 чипови, коишто ќе се користат и во двата телефони и SSD хард дискови и мемориски картички кои беа најавени уште лани.
Ова не е прв пат Samsung да помине гигант којшто во некој сектор имал потполна доминација. Сличен беше случајот и со Nokia. Продажбата на паметни телефони можеби забавува, но Samsung сè уште е лидер по бројот на продадени телефони, покажуваат анализите.