Српското пиво е второ најбарано во регионот

45

beerФото: Pexels

Србија лани извела 1.265 хектолитри пиво на пазарите во Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Грција и Црна Гора, велат податоците на Здружението на пивари, пишува српски Prestige.

Статистиката покажува дека српското пиво сочинува дури 13% од европскиот увоз што ги стави српските брендови на второ место на најпопуларни во регионот. Податоците од пазарот на труд покажуваат дека во Србија 16.000 граѓани се вработени во пивската индустрија која годишно на државата ѝ носи профит од 226 милиони евра.

По економската криза, во Европа повторно се произведуваат над 40 милијарди литри пиво со што директно пиварите допринесуваат во конкурентноста и одржливиот раст на европската економија. Најголеми произведувачи на овој пијалок во ЕУ остануваат Германија, Полска, Шпанија и Велика Британија.

Само во европски рамки производството на пиво секоја година носи приход од околу 50 милијарди евра. Во последните 20 години, европските пивари го прошириле својот пазар на пиво во 123 други држави.

Во Европа постојат 8.500 пивари од кои 1.000 се основани само во изминативе неколку години.