Фото: Facebook
Amazon го презеде приматот од Apple како највреден бренд во светот на листата на којашто домираат технолошки компании, пишува Independent.
Брендот за онлајн трговија, надмина 150 милијарди долари и забележа скок од 42% на годишно ниво. Компанијата минатиот месец ја отвори и својата прва продавница, Amazon Go, каде купувачите користат мобилна апликација за плаќање и нема каси ниту редови на чекање.
Според извештајот на Brand Finance, Apple се најде на второ место со вредност од 146 милијарди долари, додека минатогодишниот број еден Google, падна на третото место со 120 милијарди долари и регистриран раст од само 10%.
Samsung, Facebook и Microsoft се најдоа во топ десет како и американскиот мега ланец за продажба Walmart.