Кои се петте најштетни смартфони по здравјето на луѓето

50

mobileФото: Pixabay

Паметните телефони стануваат се поопасни по човековото здравје, предупредуваат психолозите. Зголемената употреба може да предизвика анксиозност, депресија или друго психичко пореметување.

Медицинската наука воведе и област наречена Technostress којашто ги проучува негативните последници на технологијата врз психичкото и физичкото здравје на корисникот. Сепак, најголемиот минус на мобилните телефони е нивното зрачење.

Еве кои се петте смартфони со најштетно зрачење според Tech Republic:

  1. T-Mobile MyTouch 3G
  2. Blackberry Curve 8330
  3. Palm Treo 600
  4. T-Mobile Shadow
  5. Palm Treo 650

Она што можете да го направите за да го намалите штетното дејство на паметниот телефон е да го држите уредот подалеку од вашето тело, да не го носите во џеб, туку во чанта, да зборувате преку звучник, а наместо јавување, одберете да испратите порака. Доколку мобилниот ви покажува послаб сигнал, тоа значи дека радијацијата е поголема.