Twitter ја забележа првата заработка по своето основање

48

twitterФото: Pixabay

Twitter заработи 91 милион долари во последните три месеци од 2017 година. Ова е прв пат компанијата да има профитабилен квартал по нејзиното основање во 2013 година, пишува Money CNN.

Заработката на Twitter се должи на рекламирањето на својата платформа, а интернет гигантот очекува уште попрофитабилна 2018 година.

Во последните три месеци, Twitter двојно го зголеми бројот на карактери за постовите на своите корисници, а воведе и новини како алатката Happening Now, што најмногу се користи за пренесување на спортски настани во живо, што според аналитичарите, доведе и до економски подем на медиумот.

Последните неколку месеци од 2017 година, компанијата имаше над 330 милиони активни корисници.