Фото: Youtube
Американската компанија Boston dynamics создаде куче-робот што може да одговори на стимулациите на својата околина. Роботот е програмиран да може да препознава лица и да им ги отвора вратите на оние кои ги знае, пишува Designboom.
Наречен SpotMini, оваа електронска направа има четири мали нозе и е практична за користење во канцеларија или дома. Тежи само 30 килограми, а неговата батерија трае до 90 минути со едно полнење.
Краткиот филм прикачен на Youtube што го демонстрира начинот на којшто функционира овој робот, досега го погледнале над четири милиони луѓе.