Македонско – Израелскиот клуб организира Меѓународен бизнис форум

97

shaking_handsМакедонско – Израелскиот бизнис клуб денес го организира вториот по ред Меѓународен бизнис форум на кој главна тема ќе биде Балканот-Алтенативен пар од Израел до Европа.

Вкупно 90 компании од 12 земји го најавија своето учество на форумот. Ќе присуствуваа претставници од Израел, Шведска, Швајцарија, Холандија, Русија, Турција, Македонија, Хрватска, Србија, Албанија, Бугарија и Косово, од секторите Информатичко-комуникациска технологија, Земјоделие и преработувачка индустрија, Обновлива/Алтернативна енергија, Медицина и фармација.

Ами Елазари, основачот и претседател на светски познатата корпорација и производител на фотоволтични панели Милениум електрик, во официјалниот дел ќе ја изложи својата замисла како земјите од обединет Балкан може да претставуваат потенцијална можност за еден заеднички сериозен странски пазар.

На форумот ќе присуствува и претседателот на Интернационалната федерација на бинационалните комори на Израел, Феликс Кипер.