Фото: Kickstarter
Стартапот Ministry of Supply со седиште во Бостон, Масачустетс креираше јакна којашто сама се загрева според потребите на корисникот благодарение на гласовна команда.
Mercury е паметна јакна што со текот на време го учи навиките на тој што ја носи и сама се приспособува кон нив. Таа има вградени три грејачи коишто се изработени се од јаглеродни влакна и можат да достигнат температура до 57 степени целзиусови.
Отпорна е на секакви временски услови и непријатни мириси. Кога е во движење или кога надворешната температура се спушта Mercury автоматски се вклучува. Благодарение на способноста да учи, колку повеќе информации и дава корисникот таа подобро го служи. Јакната може да топли до 4, 5 часа со максимална јачина.
Mercury има своја кампања на платформата Kickstarter каде досега има собрано 246.473 долари од потребните 72.000. Кампањата трае уште 28 дена. Тимот се надева дека првите испораки на пазарот ќе бидат во октомври оваа година.