Takeaway ги купи бугарската BGmen и романската Oliviera

53

pizza-767221_960_720

Фото: Pixabay

Холандската компанија Takeaway со седиште во Амстердам – една од најголемите за испорака на храна во Европа, потпиша договор за купување на BGmen од Бугарија и Oliviera од Романија, пренесува Romaniainsider.

BGmenu е лидер на пазарот за испорака на храна во Бугарија, по број на нарачки, додека Oliviera е една од врвните компании на пазарот за испорака во Романија.

Takeaway е сопственик на најголемите брендови за испорака на храна во Германија, Полска, Белгија и Австрија. Компанијата одвои 10,5 милиони за оваа аквизиција којашто дел од нејзината стратегијата за проширување на лидерската позиција на континентот.