Фото: Pexels
Стандардните тактики што водат до успех се веќе добро познати. Еве нешто малку поразлично.
Запишете ги вашите стравови, не вашите цели
Кога ќе ги запишете вашите стравови на хартија, тие веќе нема да ви изгледаат толку страшни, колку што ги замислувате во вашата глава. Ќе бидете изненадени колку храброст имате, кога ќе излезе на виделина секој ризик што не сте сакале да го превземете.
Останете силни
Кога нема да бидете во право во врска со некој проект на којшто сте работеле, извинете им се на сите бидејќи не одел во насоката во којашто сте очекувале. Потоа, научете од грешките и продолжете понатаму.
Времето не е пари
Секогаш може да одлучите да заработите повеќе пари, но не може да одлучите да ,“заработите“ повеќе време. Времето е вашата највредна алатка и додека не изберете да ја сметате за таква, таа ќе биде безвредна.
Состаноци еден на еден
Направете еден на еден состаноци со вашите вработени. Прашајте ги за проблемите со коишто се соочиле во текот на работата, прашајте ги дали им треба помош и внимателно слушајте ги нивните одговори. На овој начин ќе изградите доверба со секој вработен посебно и ќе направите тие да се чувствуваат ценето.
Треба да ја знаете основата на секој аспект од вашиот бизнис
Вие не треба да бидете сметководител или експерт за социјални медиуми, но треба да ги знаете основите во сите аспекти на вашиот бизнис. Можеби чувствувате дека сте само добри во еден или два клучни сегменти. Едноставно, престанете да се криете од задачите во коишто не уживате.