Договор, куќа гради – стара македонска поговорка

186

pexels-photo-277559Кога почнавме со работа, еден наш партнер ни кажа: „Абе дечки, порано немаше договори како сега. Се знаеше, што е договорено усно, тоа е тоа! Порано преовладуваше еснафскиот момент“.
Но ако порано еснафскиот момент значело договор, се сложувам со неговата наредна констатација “… сега мора да потпишам договор, за да можеби се оствари нешто”. Да, сега треба да се потпише договор зошто времињата се менуваат.

Договорите веќе играат витална улога во вашиот понатамошен бизнис, но не и само бизнис. Договорите можат да бидат и помеѓу пријатели, другари, фамилија… можеби не во пишана форма, но постојат!

Но, прашањето е: зошто договорите не успеваат или не се придржуваме до нив?

  • Импулсивна одлука – знаеме да нè понесе моментот и да дадеме рака, но после да се премислиме. Не е проблемот во премислувањето, туку кажете ѝ на другата страна… можеби таа очекува дека она што е договорено ќе се исполни.
  • Несериозност – несериозно му пристапувате на концептот на договор. Сепак, затоа и постои за да се придржуваме до него.
  • Не добро дефинирани работи – веќе кога ќе се договарате, дефинирајте ги работите убаво. Влегувајте во детали!
  • Долгорочност – секој договор треба да има за цел за долгорочна соработка. Кога ги поставувате рамките, размислувајте во насока дека после 100 години од соработката некој, без ваше присуство, ќе треба да го извади и да види што е дефинирано.
  • Лош партнер – сте направиле лош  избор во партнерот и едноставно договорот не успева. Најдобро е да го прекинете со време или да ги ревидирате очекувањата.
  • Ревидирања – потребни се повеќе од вообичаено, посебно сега, во време на брзо менување на домашните, регионалните и светските економии кои секако влијаат на секој од нас.
  • Придржување кон договореното – ова е двострана работа, бидејќи ако другата страна не се придржува кон договореното, може пак е така затоа што другата страна мисли дека вие не се придржувате кон договореното. Седнете направете разговор, исходот може да биде само позитивен (кој и да е).

Имајќи го сето ова предвид, а сигурно и ред други работи кои не се овде напоменати, важноста на она што е договорено е многу важно за понатамошниот тек (на животите воопшто). Без нивно присуство (во која било форма), не би требало да започнете никакви понатамошни дејства поврзани со таа активност или проект.