PG Tips создадоа биоразградливи ќесички за чај

53

tea-1132529_960_720

Фото: Pixabay

Британскиот бренд за чај PG Tip, пушти во продажба нови ќесички направени од 100% биоразградливи материјали, заменувајќи го стариот дизајн којшто имаше пластика, пишува Dezeen.

Овие новости доаѓаат откако 232.000 луѓе ја потпишаа петицијата што ја направил еден градинар, барајќи од брендот да ги отстрани пластиките од нивните вреќички за чај.

PG Tips досега за ќесичките користеа комбинација од хартиени влакна и пластика. Пластиката беше искористена за одржување на структурата на препознатливите пакетчиња со чаеви во облик на пирамида кога се во контакт со топла вода. Но, во новиот дизајн пластиката е заменета со пченкарен скроб, што ќе ги направи торбите целосно биоразградливи.

Во Британија, веќе можат да се купат чаевите на PG Tips со новиот дизајн на ќесички, а од компанијата ветуваат дека до крајот на 2018 година, 100% од нивните ќесички ќе бидат биоразградливи.