Десет помалку познати факти за левораките луѓе

51

hand-3190204_960_720Фото: Pixabay

Се претпоставува дека околу 12% од светската популација пишуваат со лева рака. Таа бројка би била многу поголема доколку како деца не биле поттикнувани да ја користат за пишување својата десна рака. Иако во помал број, сепак, левораките луѓе се специфични на свој начин. Еве зошто:

  • Поголемиот број од левораките се жени.
  • Покреативни се и подобри во извршување на повеќе работи во исто време.
  • Се смета дека пишувањето со лева река и генетски поврзано. Доколку некој родител е леворак големи се шансите и децата да бидат.
  • Секоја година околу 2.500 левораки гинат заради користење на опрема прилагодена на деснораки.
  • Левораките во просек живеат девет години пократко од деснораките.
  • Прерано родените бебиња почесто се левораки отколку деснораки.
  • Левораките почесто патат од алергија, асма, епилепсија, но побрзо се опоравуваат од срцев удар отколку деснораките.
  • Подобри се во тенис и бокс.
  • Едни од најпознатите луѓе што пишувале со лева рака се Наполеон, Леонардо да Винчи, Микеланџело, Алберт Ајнштајн, Исак Њутн, Бил Гејтс, Опра Винфри.
  • Меѓународниот ден на левораките се слави на 13 август, и тоа почнувајќи од 1996 година.