Фото: Pexels
Италијанската фабриката за производство на чевли Verdi Fashion S.P.A отвора своја фабрика во непосредна близина на автопатот Белград – Јужен Јадран, во новоформираната индустриска зона Стубленица-Уб.
За изградба на новиот погон ќе бидат вложени околу милион евра, а фабриката би требало да биде отворена во текот на месец мај, пишува B92.
Планирано е да бидат вработени 200 работници, а обуката за првите 40 ќе започне на 20-ти март и ќе трае два месеци. Ова е прва инвестиција во новата индустриска зона Стубленица-Уб, а истата ќе се простира на површина од 110 хектари.