Истражување: Колку пари се потребни за среќа?

pexels-photo-325521Најмногу пари им се потребни на жителите на Австралија и Нов Зеланд. Балканците се најскромни, доволни им се 45.000 долари годишно, се вели во истражувањето објавено на Nature Human Behaviour.

Парите имаат големо влијание на среќата кај поединците, а колку пари се потребни за неа, генерално зависи од местото на живеење.

За потребите на истражувањето биле анкетирани повеќе од 1,7 милиони луѓе постари од 15 години, жители на 164 држави. Анкетираните одговарале на прашања во врска со задоволствата во животот, благосостојбата, а имало и прашања за куповната моќ.

Според податоците идеален годишен приход за исполнување на сите животни задоволства треба да изнесува 95.000 долари на годишно ниво, а помеѓу 60 и 70 илјади се потребни за емотивна благосостојба.

Најмногу пари за среќа им се потребни на жителите на Австралија и Нов Зеланд – 125.000 долари, додека, најскромни се Јужноамериканците и жителите на Карибите. Во Северна Америка, за среќа, во просек е доволно 105.000 долари.

Што се однесува за релацијата среќа – пари кај жителите во европските земји, голема разлика постои помеѓу Западна и Источна Европа. Во Западна Европа и Скандинавија, во просек се потребни 100.000 долари, додека со само 45.000 долари годишно се среќни Балканците и оние од Источна Европа.

Сепак, како што е наведено во истражувањето, јасно е дека сите посочени износи се разликуваат и зависат од стандардот на државата.