Диу е првиот град во Индија што користи 100% сончева енергија

277

solar-panel-array-power-sun-electricity-159397

Фото: Pexels

Градот Диу стана првиот град во Индија и единствено населено место во земјата коешто во целост се снабдува со сончева енергија.

Лоциран во јужниот дел на индиската држава Гуџарат, Диу е директно управуван од индиската влада, чијшто приоритет е користење на сончевата енергија низ целата земја, пренесува Inhabitat.

За само три години Диу има инсталирано доволно соларни капацитети коишто им служат на енергетските потреби на речиси 22.000 жители на градот.

Сончеви електрани коишто ги има низ целиот град, се со капацитет од 13 мегавати, од кои 10 се од копнени системи, додека преостанатите три мегавати се добиваат од кровни панели.

Пренасочувањето кон сончева енергија се покажа и како економски поволно за потрошувачите во градот, бидејќи месечните сметки паднаа за околу 12% од почетокот на новиот енергетски систем.

Диу е само еден пример во Индија, за користење на сончева енергија. Јужно од него, Меѓународниот аеродром Кочи е првиот аеродром во светот којшто работи на сончево напојување.