Храна на иднината од лабораторијата на Ikea

40

1_je6hnq0b2zltifo33ompzg

Фото: Space10

Space10 е истражувачки центар на Ikea и лабораторија за иновации, посветена првенствено на прехранбени креации. Нејзиниот најнов проект се пет јадења со брза храна, направени со неконвенционални, но сепак здрави состојки.

Експериментите на Space10 вклучуваат современи нетипични состојки од типот на спирулина или црви во класични јадења како што се хот-дог бургерите, пренесува New Atlas.

Па така, Dogless Hotdog е вегетаријанска верзија на американскиот класичен хотдог, исполнет со билки, кромид, морков, салата од краставици и кечап од репка. Зеленото лепче има таква боја благодарение на спирулината којашто содржи 50 пати повеќе железо од спанаќот, како и извонредно високи нивоа на бета-каротен.

Bug Burger е интересна ре-креација на класичен хамбургер со месна паштета направена од цвекло, компир и црви.

Neatball ги има истите елементи што се користат во бургерите, со една верзија составена од различни коренести зеленчуци, додека друга верзија е направена целосно од црви.

Други експериментални јадења од групата вклучуваат серија салати креирани со зелен зеленчук и четири различни сладоледи на база на билки, направени со значително ниско ниво на шеќер.