Фото: Pixabay
Во Кривај кај Бечка Топола ќе биде отворена првата дигитална фарма во Србија којашто ќе го означува новиот чекор во земјоделството. Научниот институт Biosens од Нови Сад е потикнувач на проектот којшто е заеднички фнансиран од страна на ЕУ и Србија. Во мало бачко село ќе биде сместена најсовремената иновативна технологија во областа на прецизното земјоделско производство, пишува РСPress.
Свој дом на дигиталната фарма, сместена во рамките на земјоделското претпријатие Криваја д.о.о, ќе добијат и паметните роботи Лала и Соса, коишто имаат сензори за одредување на влажноста на земјата и за детекција за потребите на билките за азот.
Освен тоа опремени се и со сонда за електромагнетно надгледување на земјата, хиперспектрална визија за рано откривање на болестите, дронови за мапирање на теренот и пратење на растот на поседите и друго.
“Роботите се тука за да извршат некои работи наместо луѓето. На пример, кога човек гледа јаболко тоа му изгледа црвено и зрело, но со помош на роботот преку камера се гледа дека во јаболкото се уште ја нема максималната доза на шеќер и подобро би било да се почека некој ден. Така овошјето ќе биде послатко и цената повисока“, обаснува Весна Бенгин директорката на Biosens.