Фото: Facebook
Четворица професори од Универзитетот во Галаси, источна Романија, произведоа био колбас, пишува Romania Insider . Колбасот има ист вкус како прочуениот романски дебел, розов колбас, но во случајов адитивите се заманети со состојки од растение коешто расте близу мориња.
Новиот розев колбас, без адитиви, е дел од пилот проектот на факултетот за прехранбено инженерство и на неговата изработка се работело подолг период.
После првите лабораториски испитувања, истражувачите откриле дека семето од користеното растение, sea buckthorn, е многу богато со протеини и влакна. Био колбасот моментално поминува низ потребните контроли со цел да стане патентиран производ.
Професорите кои што го изумија колбасот, 40 години се обидувале да најдат решение за намалување или трајно отстранување на натриумот нитрат.
Според изумителите, колбасот со новиот состав, ќе има рок на употреба од 28 денови и ќе може да се произведе во било кој фабрика за месна индустрија. За да се дојде до конечниот производ, нема да биде неопходна нова машинска опрема, туку единствено ќе се користат поинакви состојки.
Се очекува новиот состав на розовиот био колбас да биде промовиран до крајот на идниот месец.
Колбасот доби златен медал и посебна награда од жирито на годинешниот Меѓународен саем за патенти којшто се одржа во Клуј-Напока, во западна Романија.