H&M бележи пад на продажбата за 61%

61

hmФото: H&M

Шведскиот моден гигант H&M, втор најголем синџир на облека во светот, објави  дека продажбата на компанијата во последното тримесечје, паднала за дури за 61%, сметано заклучно со февруари годинава. Од компанијата проценуваат дека падот на продажбата се должи на повремените попусти, што се практика за оваа модна индустрија.

Приходот од вкупната продажба во последното тримесечје изнесувал 123 милиони фунти. Акциите биле 8% повредни од претходната година во истиот период, што се должело на зголемениот број на продавници.

Во извештајот е наведено дека падот на прометот влијаел и на зголемен број на непродадени акции, па од тие причини можно е да се дадат дополнителни попусти во наредните три месеци.

Од компанијата наведуваат дека ова е второ тримесечје по ред во коешто се бележи пад на потрошувачката.

H&M вработенува 171.000 луѓе во 4.700 продавници во 69 земји низ целиот свет. Најголеми се пазарите во САД, Германија и Велика Британија. Компанијата годинава планира да отвори 220 нови продавници.

Независно од актуелната состојба, шведскиот моден гигант се надева дека нивото на продажба и добра заработувачка ќе се врати во очекуваните граници.