Алатки за чистење изработени од природни отпадни материјали

57

vefsa-0202_1500

Фото: Soley Thrains

Соли Треинсдотир од Универзитетот за уметности во Исланд креираше одржливи алатки за чистење направени од природни отпадни материјали, пишува Dezeen.

За да ги изработи таа користела остатоци од борови иглички (листови), масло од бор, како и маст и влакна од коњи.

Дезинфекциските својства на маслото од бор биле одлични за производство на спреј за чистење. Пепелта од дрвото пак, Соли ја искористила да направи средство за полирање на метал и стакло, благодарение на најзините антисептички и својства и неоставањето на траги.

Гривата, односно влакната од коњите поради нивната издржливост и отпорност на топлина, биле употребени за изработка на разни четки и метли, додека маста послужила за правење на сапун.

Проектот на Соли е наречен Cleaning Strategies и има за цел да го истражи потенцијалот на алтернативните локални суровини. Едни од најфрланите суровини во Исланд биле токму остатоците од бор и неискористените делови од коњите.