Избор на најиновативен мерчендајзинг тим за 2013

217

merch-600x450Вкупно четиринаесет тимови од по тројца вработени со сопствен супервајзор од Макпрогрес, Колид С, Пекабеско, Рептил, Каприлат, Атлантик група, Даути Комерц, Унивел, Нимекс, Офис Плус, Алфи Би Компани, Жито Маркети, Лакшми и Крашкомерц ќе се борат за титулата Најдобри мерчендајзери во Македонија за 2013 година.

“Преку одржување на вакви настани се иницираат промени и развој на луѓето, нивните компании и квалитетот на животот преку пренесувањето на технологиите на работењето според теркот на светски успешните компании и поединци”, рече Душко Угриноски директор на компанијата Triple S Group, која во соработка со специјализираниот магазин за стока за широка потрошувачка In Store, им овозможи на најкреативните тимови од најдобрите македонски компании да го покажат својот талент на настанот насловен Најполица за 2013.

Тимовите ќе бидат оценувани од четиричлено стручно жири: Миљан Димитријевиќ, еден од најбараните консултанти во областа на мерчендајзинт на Балканот, Верица Мартиновска, главен и одговорен уредник на магазинот In Store, Биљана Костов Жежовска, директор на Маркето Солутионс и Катица Томеска, менаџер за набавки и супервизија во СП Маркет.

“Македонските компании кои се занимаваат со производство и дистрибуција оддаваат големо значење на техниките и процесите, и сè повеќе ја подигаат улогата на мерчендајзинг тимовите”, велат од Triple S Group.

Визуелната комуникацијата преку мерчендајзингот е всушност прикажување на производ во продавниците од страна на производителите или дистрибутерите, на начин кој ќе ги мотивира купувачите да го купат нивниот производ.