Фото: Pixabay
Не сум финансиски експерт, но и тоа го научив, не за друго, долговите знаат да влијаат многу на секојдневното нормално работење и живеење. Да, најдобро е да немате долг кон никого, но некако дојде време кога секој секому му должи. Ако вие не платите некому, тогаш тој/таа нема да плати на друг, истиот нема да плати на трет кој, пак, вам ви должи,и тука доаѓаме до моментот дека секој должи на некого, но за тоа друг пат.
Сепак, и покрај тоа што го знаеме ова, секој од нас е во некаков долг кон некого и потребно е да знае како да раководи со тој долг. Ако е мал, редовните подмирувања на долговите и негова контрола е најважна работа, но ако веќе прерасне во голем долг, тогаш е потребно поголемо внимание и контрола на работата, затоа што многу лесно може да излезе од контрола. Но, како да не се најдеме во вакви ситуации?
- Знајте кому и колку должите –постојано мора да имате информација кому и колку должите. Има некои обврски кои не можете да ги одолговлекувате, но има некои кои можете да ги договорите и да ги платите подоцна. Пак ќе кажам, најдобро ќе биде, ако навременоги подмирувате обврските.
- Календар – направете календар на подмирување на обврските, но и календар на добивање на финансиски средства од луѓе кои вам ви должат.
- Плаќање однапред – за да не се доведете во ситуација да должитенекому, плаќањето однапред на одредени средства може да ви биде добар кредит, ако некогаш некому должите, тука да побарате помош.
- Преговарање – има сè поголем број институции коишто дозволуваат да се преструктурира долгот и да може да го платите на рати. Таму каде што можете во приватниот сектор, преговарајте со луѓето за одложување на плаќањето.
- Помош – ако долговите кон други лица ви се зголемуваат и тешко може да ги контролирате, тогаш можеби е време да побарате помош од стручни лица.
- Приоритети – направете листа на сите долгови што ги имате и сите приливи што ги очекувате и направете приоритети на плаќања.
- Кредит – доколку немате доволно средства, земете кредит за да ги платите долговите, но гледајте кредитот којшто ќе го земете да можете да го подмирувате.
- Средства на страна – за да не се ставите во вакви ситуација, секогаш имајте средства на страна или познати кај нас, „средства за црни денови“J
Ако сте во долг, не е крај на светот, но секогаш треба да знаете дека долговите треба да ви бидат максимум колку што ви се и месечните (севкупни) примања. Ако одите над тоа, тогаш е веќе потребна и стручна помош.