Royal Caribbean објави детали за најновиот луксузен брод во својата флота наречен Quantum of the Seas, кој се подготвува да исплови следната година. Бродот има вкупно 18 палуби на кои можат да се сместат 4.180 гости.
Меѓу удобностите што ги нуди овој луксузен крузер се комора што може да симулира нуркање во длабоките води, стаклен лифт кој може да ги транспортира гостите во висина од 90 метри над морето и специјален простор кој се трансформира во возен парк и ринг за возење ролери. Еве како изгледа сето тоа.
Една од главните атракции на новиот Quantum of the Seas, стаклената капсула која се издигнува во надморска висина од 90 метри.
SeaPlex, мулти фунционалниот простор за забава на гостите.
Екслузивно нуркање со подводна кабина.
Собата Two70°, која е наменета за средби и релаксирање.
The Royal Loft, луксузен апартман со пространа трпезарија, дневен престој за забава, приватна палуба со поглед на океанот.