Компанија од Гана ја претвора пластиката во асфалт

41

Фото: Pixabay

Само два проценти од пластика во Гана се рециклираат, но една локална компанија се надева дека ќе ја смени таа статистика. Nelplast Ghana Limited, којашто се фокусира на индустриска обработка, ги претвора пластичните ќеси и останатиот пластичен отпад во коловозни блокови коишто може да се користат за изградба на патишта, пренесува Inhabitat.

Nelplast ја меша пластиката со песок за да создаде “нова форма на асфалт”. Овој асфалт бара помалку природни ресурси за создавање, трае долго време и е отпорен на подигнување. Тој се состои од 60% пластика и 40% песок.

Благодарение на Nelplast, зад којашто стои инженерот Нелсон Боатенг, пластичните ќеси сега можат да имаат нов живот како дел од патот. Боатенг кој има 20 години искуство во бизнисот создаде машина за рециклирање од старо железо и ја стартуваше компанијата со рециклирани 2.000 килограми пластично ѓубре. Во Nelplast моментално работат 230 луѓе.