Quotes Watch – часовник со инспиративни цитати

180

Фото: Kickstarter

Quotes Watch е часовник со цитати, од коишто кориникот може да селектира што ќе гледа на екранот, а постои и опција да си напише свои, со најмногу до 140 карактери.

Исто така, на часовникот може да се примаат пораки преку апликацијата Quotes App, а цитатите се менуваат во селектирано време, на пример, за 10 минути.

Може да се селектира и фонтот на буквите или да се премота цитатот доколку на корисникот не му се допаѓа.

Quotes Watch моментално е достапен во пет бои, бела, црна, темно портокалова, темно виолетова и сива.

Производот има своја кампања на платформата Kickstarter и досега има собрано 34.269 долари од потребните 30.921 долари, а кампањата трае уште 14 дена.

Стартапот чие дело е Quotes Watch е со седиште во Виена, Австрија, а првите испораки на производот се очекува да бидат во октомври годинава.