Genusee – очила од рециклирани пластични шишиња

90

Фото: Kickstarter

Genusee се првите очила изработени од рециклирани пластични шишиња за вода.

Тие се дело на старт-ап со седиште во Флинт, Мичиген и моментално се достапни со два вида на рамки, црни и сиви. Стаклата на очилата се со UV заштита и се анти рефлективни, а исто така може да се одберат стакла со диоптер по желба на купувачот.

Со секоја нарачка на производот, се рециклираат 15 пластични шишиња за вода. Креаторите на очилата велат дека со овој производ придонесуваат за поздрава животна средина и креираат и нови работни места за заедницата на Флинт.

Производот има своја кампања на платформата Kickstarter и досега има собрано 15.836 долари од потребните 50.000 долари, а преостанати се уште 25 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во декември оваа година.