IKEA го произведе првиот скејтборд како дел од колекцијата Spänst

61

Фото: Stampd

IKEA го произведе првиот скејтборд, како дел од серијата мебел и колекцијата облека инспирирана од уличната култура во Јужна Калифорнија, пренесува Dezeen.

Spänst колекцијата вклучува 32 парчиња во ограничен број, направени во соработка со Крис Стамп, моден дизајнер и креативен директор на брендот Stampd и дизајнерката Maja Гансинзјек од Варшава.

Долната страна на скејтбордот е со црно-бела графика, а првичната цена за истиот изнесува 90 долари. Долг е 74, а широк 21 сантиметар.

Шведската компанија во рамки на оваа колекција има и црно бела облека и додатоци за домот. Spänst вклучува капа, блузон, маица, чанта, пешкир, ќебе и корпа за алишта во црна боја.

Колекцијата ќе биде ставена на продажба од следниот месец, а меѓу другото ќе понуди и перници, тетратки, шишиња за вода, и друго.