Монтиран филтерот на Дрисла, нема веќе загадување од депонијата

45

Фото: Grad Skopje

На скопската депонија Дрисла денеска беше пуштен во употреба филтерот којшто е поставен на инсенераторот за согорување медицински отпад. Филтерот ќе ги апсорбира ПМ10 честичките, јаглерод моноксидот и другите честички што се ослободуваат при согорувањето, информираат од Град Скопје.

“Од идната сезона, Дрисла нема да биде фактор за загадувањето на воздухот, особено во населбите околу мерната станица во Лисиче. Поставувањето е во согласност со препораките на Државниот инспекторат за животна средина“, истакна градоначалникот Петре Шилегов, кој беше во посета на депонијата, а се организираше и Отворен ден за новинарите и за претставниците и активистите од еколошките граѓански организации.

Филтерот ќе се користи се до поставувањето нова печка којашто се очекува да биде купена, односно монтирана за два месеца.