Фото: Samsung
Samsung Electronics остварува рекорден профит четврти квартал по ред, објави BBC.
Од компанијата информираат дека профитот се должи благодрение на големата побарувачка, односно продажба на своите мемориски чипови и новиот Galaxy S9 паметен телефон.
Најголемиот светски производител на чипови останува на врвот по побарувачката за мемориски чипови – воедно и најголемиот двигател на бизнисот којшто придонесе со 73% за профитот во првиот квартал.
Јужнокорејскиот технолошки гигант оствари нето профит од 10,8 милијарди долари во периодот од јануари до март, што е зголемување за 52% во споредба со истиот период минатата година.