Фото: Pixabay
Секој експерт нуди различни совети за тоа како еден лидер да биде успешен. Лес Меккјун, извршен директор на водечка консултантска компанија ги гледа работите од сосема поинаков агол. Пред еден менаџер да го превземе водството во компанијата, тој треба да биде препознаен како потенцијален лидер, смета Меккјун.
А како да се препознае еден лидер во зародок? Што ги “издава” луѓето што можат да застанат пред толпа луѓе и да ја водат од оние што се само дел од екипажот?
Според овој експерт, одговорот лежи во квалитетите што тој/таа ги манифестира за време на групни дискусии и тимска работа. И во групна дискусија и во тимска работа, идниот лидер употребува една од следните три клучни фрази:
Немам што да додадам
Никој не ги сака оние вработени што секогаш имаат да кажат нешто на секоја тема. Во секој тим има по еден таков. Вистината е дека однесувањето од типот “знам се и можам се” укажува на страв дека нема да бидат забележани, дека ќе бидат засенети. Добриот лидер го кажува своето мислење само по прашањата за кои е надлежен и компетентен. Добриот лидер нуди своја помош само кога има навистина добра идеја.
Ќе ми објасниш ли што мислиш?
Кога шефот зборува нешто што на подредените баш и не им е јасно, повеќето од нив молчат и се трудат да изгледаат заинтересирано. Потенцијалниот лидер нема да седи и да клима со главата додека зборува шефот, туку едноставно ќе признае “Не те разбирам сосема”.
Предлагам…
Како што веќе кажавме, потенцијалниот лидер избегнува да се изјаснува на секоја тема. Но, и не се плаши да го каже своето мислење. Повеќето вработени се плашат да кажат нешто за да не згрешат и се водат по мотото “Подобро да не бидеш забележан, отколку да те паметат по лошо”. Излишно е да се каже дека идниот успешен лидер нема вакви стравови.