Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот за 1, односно 2 денари

43

Фото: Pexels

Бензините и дизелот од вечерва на полноќ ќе поскапат за 1, односно два денари, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, практично малопродажните цени се зголемуваат во просек за 3%.

Тоа значи дека цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за еден денар, и еден литар дизел гориво ќе чини 63.00 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1,5 денари, и еден литар 95-ка ќе чини 71,50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 2 денари, и еден литар 98-октански бензин ќе чини 73,50 денари.

Новите цени ќе важат во следните две седмици.