Apple инвестира 10 милиони долари за “позелено” производство на алуминиум

41

Фото: Pixabay

Apple ќе инвестира 10,1 милион долари во истражување и развој на технологии што ќе го намалат ослободувањето на јаглерод диоксид при обработката на алуминиум, пишува Fast Company

Целиот проект е вреден 144 милиони долари и е во соработка со реноминираниот производител на алуминиум Alcoa, компанијата за топење на алуминиум Rio Tinto и владите на Канада и Квебек.

Алуминиумот е еден и од најупотребуваните метали во производите на Apple, меѓутоа начинот на којшто се произведува не е променет во последните 100 години. Токму затоа компанијата интензивно се залага да изнајде поеколошки начин на производство. Според резултатите од последните истражувања, коишто се прават во седиштето на Alcoa кај Питсбург, компаниите се на добар пат да создадат технологија за производство на алуминиум што ослободува кислород, наместо јаглероден диоксид.

Новиот метод на производство на алуминиум се очекува да биде ставен во функција до 2024 година.