Nowlight – ламба што генерира електрична енергија по потреба

78

Фото: IndieGoGo

Nowlight е светилка што произведува електрична енергија со минимален напор, специјално дизајнирана за деловите од светот во коишто струјата е луксуз.

Производот се полни на сончева енергија додека корисникот влече јаже што е поврзано со внатрешноста на светилката. Со едно минутно “рачно“ полнење се добиваат 60 минути електрична енергија, а може да се наполни и цела батерија од паметен телефон.

Светилката доаѓа во пакет со соларен панел и е направена да биде лесно пренослива, на било која локација.

Nowlight е дело на старт-ап со седиште во Лондон, Велика Британија, а има своја кампања на платформата IndieGoGo. Досега има собрано 59.420 долари од потребните 75.000 долари,  кампањата трае уште 15 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во ноември годинава.