Фото: Facebook
Светот на Disney отсекогаш асоцирал на безвременски цртани филмови, принцези и замоци. Но, кралството на Walt Disney прерасна во многу повеќе од тоа.
Првиот филм на Disney е безвременскиот блокбастер “Снежана и седумте џуџиња”, а оттогаш па до денес не само што се овековечени најубавите бајки и анимирани приказни, туку Disney создаде и други филмови кои буквално рушеа рекорди и по гледаност и во заработки.
Business Insider ги рангираше филмовите на Disney по година на издавање и остварени приходи, а ние ги издвојуваме 10-те филмови коишто оствариле најмногу заработка во историјата на Disney филм.
2007- Пирати од Карибите: На крајот на светот (Pirates of Caribbean: At World’s End) 309,4 милиони долари
2003- Барајќи го Немо (Finding Nemo) 380,8 милиони долари
2013- Железниот човек (Iron Man) 409 милиони долари
2010 – Приказна за играчките 3 (Toy Story 3) 415 милиони долари
1994- Кралот лав (The Lion King) 422,8 милиони долари
2006- Пирати од Карибите: Градите на мртовецот (Pirates of Caribbean: Dead Man’s Chest) 423,3 милиони долари
2016- Роуг 1: Приказна од војна на ѕвездите (Rogue One: A Star Wars Story) 529,4 милиони долари
2017- Војна на ѕвездите: Последниот џедај (Star Wars: The Last Jedi) 612 милиони долари
2012- Одмазници (Marvel’s The Avengers) 623,4 милиони долари
2015- Војна на ѕвездите: Силата се буди (Star Wars: The Force Awakens) 936,7 милиони долари