Фото: Pixabay
Бројката на новоотворени компании во Турција се зголемила за 33,1% во април, споредено со истиот месец лани, велат од Турскиот сојуз на комори и размена на стоки, пренесува Huriyet Daily News. Вкупно 8.456 нови компании се регистрирани изминатиот месец, за разлика од април 2017, кога бројката на новоотворени компании била 6.353, а 938 од нив се основани со странски партнери.
Според податоците од комората, најмногу компании се отворени на полето трговија на големо и мало, а веднаш после тоа се секторите градежништво и производство.
Нагорен тренд има и кај затворањето на компаниите, и тоа 21% повеќе во април 2018, во однос на минатиот, што значи годинава во април се затворени вкупно 578 компании.
Од почетокот на годината во Турција се регистрирани 32.554 нови компании, што е пораст од 35% на годишно ниво.