Фото: Кjellander Sjoberg
Стокхолм ќе добие нов урбан блок во близина на пристаништето Нака, којшто е замислен како оддржлива дестинација, а во себе ќе инкорпорира станбени, малопродажни и јавни простори, лесно достапни за пешаците и велосипедистите.
Inhabitat пишува дека во прилог на новиот зелен простор, архитектите планираат да вметнат “јаглеродни” кули изградени од обновливи материјали кои ќе промовираат здрава микроклима и одржлив животен стил.
Двете кули ќе имаат терасовидни нивоа кои се повлекуваат на заедничка основа, а стаклените фасади ќе имаат заеднички и приватни тераси обвиткани со зеленило. Новиот урбан блок наречен Клинтен, буквално ќе биде како “град во град” и ќе располага со маркети, ресторани, “велосипедско” кафуле, работилници, хотел, теретана, уметничко студио и други заеднички објекти. Како што велат дизајнерите, Клинтен ќе биде атрактивна дестинација за жителите и за посетителите во секоја доба од денот.
Проектот е дело на архитектот Кјеландер Сјоберг, и неодамна победи на натпреварот за одржливи проекти на пристаништето Нака.